Оскаровката Кејт Винслет именувана за глобална амбасадорка на Лореал


Франција- Британската актерка Кејт Винслет е последната глобална амбасадорка именувана од козметичкиот гигант Лореал.

„Кејт Винслет е вистинска икона – во филмот и како силна жена, моќен глас во нашата мисија во Лореал Париз. Со својот талент да ги воздигнува приказните за жените и да ги поддржува оние без глас, Кејт Винслет ја споделува нашата причина да се биде во Лореал Париз – да ги охрабри жените да ја знаат својата вредност, да ја слават својата убавина и да се осмелат да бидат силни самите“, се вели понатаму во соопштението на Делфин Вигиер-Ховасе , претседател на глобалниот бренд Лореал Париз.

Винслет, која се прослави на 21-годишна возраст во блокбастерот со Леонардо ди каприо „Titanic“, собра пофалби за нејзиното портретирање на детективка во американската криминалистичка драмска ТВ серија „ Mare of Easttown.” . Во неодамнешното интервју за Њујорк Тајмс, Винслет откри дека го спречила режисерот Крег Цобел да исече „ дел од стомакот“  во една сексуална сцена.

Винслет се појави во филмови како што се “Eternal Sunshine of the Spotless Mind,” “Revolutionary Road” и “Little Children“. Првиот Оскар го доби за „“The Reader” “ во 2008 година.

Нејзин нареден филмски проект е „Avatar 2,“ во режија на Џејмс Камерон.

„Кејт Винслет е страствена да портретира жени чии приказни никогаш не биле раскажани на екранот, враќајќи ги долго избришаните жени на нивното вистинско место во историјата“, според L’Oréal Paris.

Меѓу другите амбасадори на L’Oréal Париз се Џејн Фонда, Селин Дион, Ел Фанинг, Амбер Херд, Су Ју Парк, Лија Кебеде и Леила Бехти. (WWD)