Оскарите воведоа гласање од публика
САД- Гласањето е отворено од 14 февруари до 3 март, ќе може да се гласа до 20 пати на ден, и е ограничено на две категории за публика „Омилен филм“ и „Омилен филмски момент“ на 2021.
Победниците во двете категории нема да добијат статуетка, но ќе бидат емитувани за време на преносот од Оскарите (дел од филмот и целата сцена). Бонус, за стимул на твитерџиите тројца гласачи од Твитер ќе бидат избрани да бидат презентери во живо на Оскарите.
„Затоа што гледачите тоа го сакаат најмногу од сè: што е можно помалку ѕвезди,“ коментира Ребека Алтер во текстот за Вулчр.
Процената е дека целта на новото гласање е да се одоброволи публиката со тоа што во церемонијата ќе се одвои дел посветен на филмови што имале масовна гледаност и фанови, без истите да мора да ги номинираат или да ги наградат со вистински Оскар.