Оштетена влезна врата од простории на Амбасадата на Црна Гора во Скопје


Вчера (07.11.2022) во СВР Скопје, било пријавено од Амбасадата на Република Црна Гора во Скопје, дека била оштетена влезна врата од простории кои не ги користи амбасадата, а се во нејзина сопственост, информриаат од МВР.

Просториите се наоѓаат на ул. „Народен фронт“, во Скопје.

На лице место бил извршен увид и се работи на расчистување на случајот, соопштија од МВР.