Осака и Левандовски најдобри во 2020 во избор на спортските новинари


Швајцарија – Јапонската тенисерка Наоми Осака и полскиот фудбалер Роберт Левандовски се прогласени за најдобри спортисти во 2020 година, во избор на Меѓународното здружение на спортски новинари (AIPS).

Левандовски и Осака за прв пат во своите кариери се лауреати во анкетата на AIPS, во која гласаа 422 новинари од 116 држави.

Левандовски собра 620 бодови во гласањето, победувајќи го седумкратниот светски првак во Формула 1, Британецот Луис Хамилтон (546) и шпанскиот тенисер Рафаел Надал (378).

Трикратната грен-слем шампионка Осака, наградата за најдобар спортист во женска конкуренција ја освои со 526 гласови, оставајќи ги зад себе венецуелската атлетичарка во трискок Јулимар Рохас (331) и американската тенисерка Серена Вилијамс (327).

Актуелниот европски и германски фудбалски првак Баерн Минхен ја освои наградата за најдобра екипа со 1317 гласови, пред Ливерпул (753) и Лос Анџелес лејкерс (658).