Оружје, муниција и марихуана најдени во домот на гевгеличанец


Полицијата, во четвртокот, врз основа на судска наредба, извршила претрес во домот на Б.Т.(32) од Гевгелија.
При претресот биле пронајдени и одземени марихуана, старо оружје, катран,  боева мина, куршуми, стари монети и други предмети.
Поради сомнение за сторени кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги“ и „недозволено изработување, држење и тргување со оружје“ во Полициската станица Гевгелија од слобода биле лишени и задржани Б.Т., како и Б.П.(19), В.П.(55) од Гевгелија и Д.Г.(23) од село Миравци, кои биле затекнати во станот.
По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.