Орлиќ: Парламентот ќе се конституира пред законскиот рок, а тоа е 11 февруари


Претседателот на Собранието на Србија Владимир Орлиќ денеска изјави дека парламентот во новото свикување ќе се конституира пред законскиот рок, а тоа е 11 февруари. 

Орлиќ за телевизијата Б92 изјави дека очекува пратениците од опозициските партии да ги прифатат мандатите, наведувајќи дека „главниот мотив се парите“.

Тој ги обвини членовите на опозицијата дека „излажале се“ кога станува збор за обвинувањата за кражби на изборите одржани на 17 декември минатата година, за кои рече дека биле „најчисти од воведувањето на повеќепартискиот систем“.