Орце прво ќе се заблагодари на Мицкоски, па ќе почне да чисти
„Откако ќе го земам уверението ви ветувам дека макотрпно ќе работиме да ги исправиме работите во Град Скопје. Но, ќе ми дозволите да му се заблагодарам најпрво на претседателот Христијан Мицкоски“.
Ова беа првите зборови на новиот градоначалник на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски од бината пред Белата палата на ВМРО-ДПМНЕ.

„Скопје е вистински обединето и сите заедно ги поразивме на куп. Да се заблагодарам на моето семејство, на моите родители, ма мојата сопруга кои се соочија со ниски удари.Да сте ми живи и здрави, ви ветувам дека секој од вас нема да го засрамам во следните четири години. Сега го повикувам нашиот претседател Христијан Мицкоски“ – истакна Ѓорѓиевски.
На ривалот Амар Мециновиќ тој арогантно му порача да го загрее столчето и да заврши факултет.
„Амар е поразен, жестоко поразен. Му порачувам да го загрее столчето и да го заврши факултетот, за да не мора да лаже. Човек кој ја лажеше целата македонска јавност дека е дете на стечајци и дека има завршено факултет, а нема, можете да замислите што е подготвен да направи ако му дадете поголема власт. Но, народот во Скопје мудро пресуди“, рече Ѓорѓиевски.
Подоцна на фејсбук тој објави еуфорична порака со констатација дека -Скопје е ослободено!