Орце Ѓорѓиевски води во Скопје, ВМРО-ДПМНЕ води во 52 општини

Според  75 отсто од пребројаните гласови ВМРО-ДПМНЕ води во 52 општини, СДСМ во девет, ВЛЕН во осум, ДУИ во пет и Партијата на Турците во една


Според првичните резултати објавени од Државната изборна комисија (ДИК), со пребројани 55 отсто од гласовите, кандидатот за градоначалник на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, Орце Ѓорѓиевски, води со 41,04% од гласовите. Зад него се Амар Мециновиќ од Левица со 12,63 гласови, Башким Бакиу од ВРЕДИ со 11,95 отсто и каја Шукова со 11,20 отсто. Овие резултати ја потврдуваат трендот на водство на ВМРО-ДПМНЕ во речиси сите скопски општини.

Во општина Аеродром, кандидатот Дејан Митевски од ВМРО-ДПМНЕ води со освоени 56,81 проценти од гласовите, пред кандидатот на СДСМ, Александар Трајановски, кој има 18,27 проценти.

Во Гази Баба, водство има Бобан Стефковски од ВМРО-ДПМНЕ со 50,97 проценти, додека Влатко Митовски има поддршка од 24,20 проценти. Во Ѓорче Петров, кандидатот Александар Стојковски од ВМРО-ДПМНЕ води со 58,06 проценти, а неговиот противкандидат од СДСМ, Костадин Ацевски, има 19,22 проценти.

Во Кисела Вода, Бети Стаменковска Трајковска од ВМРО-ДПМНЕ има поддршка од 58,59 проценти, пред Јане Ацевски од Левица кој има 16,71 процент.

Во Сарај, води Блерант Рамадани од НАИ со 49,66 проценти, додека Мухамет Елмази од ВРЕДИ има 48,63 проценти.

Во Центар, водство има Горан Герасимовски од СДСМ со 38,58 проценти, пред Мирослав Лабудовиќ од ЗНАМ кој има 25 проценти.

Во Чаир, Изет Меџити од ВРЕДИ има поддршка од 55,61 проценти, додека Бујар Османи од НАИ има 36,86 проценти.

Во Бутел, води Исамедин Азизи од НАИ со 55,45 проценти, пред Дарко Костовски од ВМРО-ДПМНЕ кој има 23,02 проценти.

Во Карпош, Сотир Лукровски од ВМРО-ДПМНЕ води со 38,61 проценти, додека Стевчо Јакимовски од ГРОМ  од ГРОМ има 24,09 проценти.

Вкупно, според  75 отсто од пребројаните гласови ВМРО-ДПМНЕ води во 52 општини, СДСМ во девет, ВЛЕН во осум, ДУИ во пет и Партијата на Турците во една.