Орбан летува во Хрватска, на граѓаните им советуваше да не одат на Јадранско Море


 

Унгарскиот премиер Виктор Орбан забележан е како својот одмор го поминува на хрватскиот брег на Јадранот, пишува „Јутарњи лист“.

Тој во јули им порачуваше на своите сонародници ова лето да го поминат дома на езерото Балатон, а не на Јадранот.

– Повеќе Балатон, помалку Јадран, велеше Орбан обидувајќи се Унгарците да ги одврати од летување на хрватскиот берг и да ги задржи во границите на Унгарија.

„Јутаржи“ заклучува дека Хрватска поради порастот на заболените од корона вирус, покрај Полска и Чешка, уште и Унгарците ги држи на „зелената листа“.

Оваа година Орбан, летува во друштво на пријатели, а едри по хрватскиот архипелаг на едрилица Хансе 575.

Повремено застанува на островите и руча во тамошните ресторани, без обезбедување и протоколи.

Во Хрватска можат да се изнајмат три такви едрилици, а чинат неделно од 2.500 до 3.000 евра.

Оваа година Орбан се одлучил за поскромно и помалку впечатливо издание, затоа што последните години беше виден како по Јадран плови и на луксузна јахта „Лејди МРД“ во сопственост на еден од најборатите Унгарци Ласло Шија.

Весникот додава дека Орбан е стар хрватски гостин и дека главно едри во послендите 10 години.