Орбан ќе му помага на Мицкоски во изработката на изборната програма


 

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска во Брдо во Словенија разговарал со унгарскиот премиер Виктор Орбан за интеграциите на Македонија во ЕУ и за поддршката на владејачката партија во Будимпешта во изготвувањето на програмата на македонската партија за следните парламентарни избори.

И Мицкоски и Орбан присуствуваат на средбата на Центристичката демократска интернационала, чии членови се и ВМРО-ДПМНЕ и унгарската Фидес. Според соопштението од партијата Мицкоски и Орбан договориле „заедничка соработка на тимови на ВМРО-ДПМНЕ и Фидес за размена на искуства и поддршка во процесот на изработка на изборната програма за претстојните избори“.

Мицкоски во Брдо разговарал и со хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ. Според Фејсбук статусот на Мицкоски тој се заблагодарил сза досегашната поддршка на Хрватска за развој на македонската демократија и пристапувањето кон евроатлантските организации. Спорред објавата Мицкоски и со Пленковиќ договорил „заедничка соработка на тимови на ВМРО-ДПМНЕ и ХДЗ за размена на искуства и поддршка во процесот на изработка на изборната програма за престојните избори“.