Орбан и Маск ѝ честитаа на Вајдел, го игнорираа победникот Мерц

Унгарскиот премиер Виктор Орбан силно ѝ честиташе на екстремно десничарската Алтернатива за Германија за нивниот изборен резултат, но невообичаено игнорирајќи ја победничката партија ЦДУ/ЦСУ.
Орбан, кој се состана со ко-лидерката на АфД, Алис Вајдел во Будимпешта во последните денови од кампањата, рече:
„Народот на Германија во огромен број гласаше за промена. Сакам да и честитам на @Alice_Weidel за удвојувањето на уделот на @AfD од гласовите. Среќно и господ да ја благослови Германија!“
Блискиот сојузник на Трамп, Илон Маск, кој постојано се обидуваше да се меша во изборната кампања со промовирање на АфД на Икс, ги поддржа коментарите на Орбан, велејќи:
„Навистина, честитки @Alice_Weidel! Со оваа стапка на раст, @AfD ќе биде мнозинската партија до следните избори“.
Раздраганата Алис Вајдел и колидерот на АфД Тино Хрупала, говорејќи пред печатот во Берлин токму сега, рекоа дека е крајно време медиумите да престанат да „не влечат низ какаото“ – повикувајќи се на поврзување на партијата со фашизмот.
Самоуверената Вајдел уште еднаш предвиде дека партијата ќе ја победи ЦДУ на изборите во следните неколку години и „ќе воведе ред во Германија“. Таа истакна дека партијата освоила двојно повеќе гласови во источна Германија од ЦДУ, обезбедувајќи 45 од 48 достапни места таму.
На прашањето дали Илон Маск ја контактирал по силниот изборен резултат на АфД, таа рече:
„Утрово, кога го вклучив телефонот, видов дека добив повици и пораки од САД, вклучително и од Илон Маск со лични честитки.
Ќе се јавам денес – со кого нема да ви кажам овде и сега бидејќи тоа е покриено со одредено ниво на доверба – но ние сме во контакт. Ние сме моќта во Германија која е меѓународно призната. Ние сме во контакт со сите страни, а тоа ја вклучува и администрацијата на Трамп.
Фрупала потоа скокна и возбудено додаде дека и тој добил голем број честитки, вклучително и од „двајца германски репрезентативци, двајца поранешни играчи на Баерн Минхен“. Кои точно, не кажа.