Орбан и лидерите од орбитата на Путин заедно пијат кафе во Англија


 

Ова е една од снимките на денот од самитот на Европската политичка заедница што се одржа вчера во дворецот Бленхајм во Англија, под раководство на новиот британски премиер Кир Стармер. На една маса унгарскиот премиер Виктор Орбан ги собра оние лидери кои се дел од орбитата на рускиот претседател Владимир Путин на кафе и некоја размена на мислења.

На терасата на дворецот на иста маса со Орбан се бугарскиот претседател Румен Радев, српскиот претседател Александар Вучиќ и претседателот на Азербејџан Илхам Алиев. Мало друштво, но „одбрано“.