Општината расфрла сол како спас од пеколните горештини во Кавадарци


Општината расфрла сол како спас од пеколните горештини во Кавадарци.

-Општина Кавадарци ги следи европските принципи на работење во справувањето со последиците од високите температури. Денеска Јавното претпријатие „Комуналец“ и надлежните од општината за првпат спроведоа акција за посипување со индустриска сол на прегреаниот асфалт на две кавадаречки сообраќајници, информираа од локалната самоуправа.

Сол беше расфрлана на обиколницата „Северен булевар“ како и на новиот дел од „Западен булевар“.

-Овој метод се покажал како ефикасен за разладување и намалување на температурата на врелиот асфалт. Технологијата се базира на принципот според кој солта ја одзема влагата од воздухот и ја привлекува кон асфалтираните површини, а со тоа се разладуваат патиштата и се спречува пукање на асфалтот и создавање нерамнини, нагласија оттаму.