Општина Тетово ветува исплаќање на платите за „комуналците“ и сигурност во новото претпријатие
Општина Tетово преку соопштение информира дека е информирана за моменталната состојба во однос на општинските претпријатија.
„За справување со предизвиците и неуспехот на општинското претпријатие, одлучено е формирање на две нови претпријатија, едно за водовод и канализација, и едно за менаџирање со отпадот.
Важно е да се напомене дека Општина Тетово веќе има потпишан договор со приватен оператор и овој договор, кој стапува на сила на 1 декември 2023 година, ќе резултира со префрлување на работниците од општинското претпријатие во новото претпријатие „ОЕНЕУМ“. Со оваа измена, сите работници ќе земаат редовно плата, додека општина Тетово ја презеде обврската да обезбеди исплата на сите заостанати плати за овие вработени.
Што се однесува до ЈП за водовод и канализација „Шари“ во фаза сме на трансформација на работниците од ЈКП Тетово во ново претпријатие. Со ова ќе се решат проблемите со платите и на овие работници. По завршувањето на овој процес, Општина Тетово ќе подготви посебна стратегија за заложба и обезбедување на плати за работниците кои ќе останат во сегашното ЈКП.
Ние како институција ја разбираме оваа незавидна состојба со која се соочуваат работниците, а која е присутна со години, но се сомневаме дека денешната реакција, на денот кога сите го славиме празникот на знамето (албанското), можеби е политички мотивирана. Затоа ги замолуваме сите вработени во ЈКП Тетово, да не потпаѓаат на каква било провокација од политички фактори и да се фокусираат на соработка за решавање на актуелните прашања“, велат од општината.