Општина Струга има најскапо службено возило во државата

Центарот за граѓански комуникации во најновото истражување утврди откри дека во последните две ипол години државните институции набавиле вкупно 392 нови патнички возила за што потрошиле 8,1 милиони евра. Една четвртина од набавените нови возила се поскапи од 30 илјади евра.

Најмногу нови возила набавила владината Служба за општи и заеднички работи, 46 „Пасати“ по 39 илјади евра секој. Сепак, најскапото возило го купило Општина Струга и чинело 66 илјади евра. Средната вредност на возилата купени од државните институции изнесува 17 илјади евра.

Меѓу марките возила убедливо водат „Шкода“ и „Фолксваген“ од кои се купени 100, односно 88 нови возила, односно скоро половина од сите новонабавени возила се од овие две марки. Кај „Фолксваген“ води моделот „Пасат“ со 53 возила, додека половина од набавените возила од марката „Шкода“ се од моделот “Октавија“.

Од фирмите, најголема вредност на договорите имаат „Порше лизинг“ со 3 милиони евра, кумановската „Делукс-ауто“ со 1,2 милиони евра, „Еуроимпекс“ со 890 илјади евра и битолската „Јосифов“ со 720 илјади евра.

Конкуренцијата на тендерите за набавка на нови возила речиси и да не постоела. Дури на 71% од тендерите имало само по една понуда и покрај големиот број дистрибутери на нови возила во земјава. Ова го отвора сомнежот дека државните институции доминантно си купувале такво возило какво што сакале.

Ова се деталјите од извештајот:

Според последното истражување на Центарот за граѓански комуникации, во текот на 2018, 2019 и дел од 2020 година, нови патнички возила набавиле 132 државни институции. Набавени се вкупно 392 патнички возила за 8 милиони и 130 илјади евра. Анализата ги опфаќа само патничките возила, а не и комерцијалните, односно товарните, транспортните и техничките возила.

Најмногу патнички возила набавила владината Служба за општи и заеднички работи, 46 „Пасати“. Следен, со 23 возила е Државниот пазарен инспекторат, а со едно возило помалку, односно 22 возила е Државниот инспекторат за земјоделство. 13 возила набавила Царинската управа, а по 11 нови возила набавиле Министерството за одбрана, Здравствениот дом Скопје и Централниот регистар. Осум возила купила Управата за финансиска полиција, а по седум нови возила набавиле Министерството за внатрешни работи, Собранието на Република Северна Македонија, Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството и Државниот пазарен и санитарен инспекторат.

Во овој период, нови возила набавиле и 20 судови од земјава, како и Судскиот совет и Академијата за судии и јавни обвинители.

Институции со набавени најмногу возила (2018-2020)

Институција

Број на возила

Вкупна вредност во евра 

Служба за општи и заеднички работи

46

1.818.564

Државен пазарен инспекторат

23

228.569

Државен инспекторат за земјоделство

22

238.258

Царинска управа

13

325.200

Министерство за одбрана

11

181.384

Здравствен дом Скопје

11

178.586

Централен регистар

11

136.691

Управа за финансиска полиција

8

86.150

Министерство за внатрешни работи

7

246.989

Собрание на Република Северна Македонија

7

121.324

Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството

7

110.114

Државен санитарен и здравствен инспекторат

7

78.826

Една четвртина од набавените нови возила се поскапи од 30 илјади евра, а првите десет најскапи возила – сите се со вредност над 40 илјади евра. Меѓу нив, најскапи три се: „Ауди 6“ на Општина Струга со поединечна вредност од 66 илјади евра, „Пасат Комфортлајн“ на Државната видеолотарија со цена од 52 илјади евра и „Фолксваген Тигуан“ на Општина Дебар со 49 илјади евра.

10 возила со највисоки поединечни цени

Возило

Вредност (евра)

Набавувач

Година

Ауди 6

66.695

Општина Струга

2018

Пасат Комфортлајн

52.079

Државна видеолотарија

2019

Фолксваген Тигуан

49.618

Општина Дебар

2018

Фолксваген Пасат

45.327

Национална агенција за европски образовни програми и мобилност

2018

Фолксваген Тигуан

43.576

Национална агенција за европски образовни програми и мобилност

2018

Шкода Кодиак

43.236

Здравствен дом Скопје

2019

Нема податок

42.199

Општина Сарај

2018

Фолксваген Пасат

41.241

Општина Ново Село

2018

БМВ 520д

40.650

Судски совет

2019

БМВ 520д

40.649

Врховен суд

2019

Меѓу марките возила убедливо водат две: „Шкода“ и „Фолксваген“ од кои се купени скоро половина од сите новонабавени возила. Меѓу 100-те набавени „Шкоди“, речиси половина се од моделот „Октавија“, додека од 88-те набавени „Фолксвагени“ води моделот „Пасат“ со 53 возила. На трето место е „Пежо“ од кое се набавени 65 возила, по што следат „Фиат“ со 38 и „Опел“ со 28 возила.

Од фирмите, најголема вредност на договорите имаат Порше лизинг со 3 милиони евра, Делукс ауто со 1,2 милиони евра, Еуроимпекс со 890 илјади евра и битолската Јосифов со 720 илјади евра.

Топ 5 марки на возила

Марка

Број на набавени возила

Доминантен модел

Шкода

100

Октавија

Фолксваген

88

Пасат

Пежо

65

Рифтер

Фиат

38

Типо

Опел

28

Астра

Кога станува збор за конкуренцијата, дури на 71 % од тендерите имало само по една понуда. Фактот што од една страна има голем број дистрибутери на нови возила во земјава, а друга страна на тендерите се јавувал само по еден понудувач, го отвора сомнежот дека институциите доминантно си купувале такво возило какво што сакале.

Конкуренција на тендерите 

Инаку, ова е второ вакво истражување на набавените нови возила на институциите. Првото се однесуваше за 2013, 2014 и 2015 година кога државните институции набавиле 323 возила. За овие возила тогаш биле потрошени 5,3 милиони евра. Во сега анализираните две и пол години, набавени се 69 возила повеќе, што е зголемување за 18%, но потрошените пари се зголемени за дури 53%

Споредба меѓу набавките во двете истражувања

 

2013-2015

2018-2020

Разлика

% на промена

Број на набавени возила

323

392

69

21 %

Вредност на набавените возила (во мил. евра)

5,3

8,1

2,8

53 %