Општина Карпош на врвот по квалитет на е-услуги преку веб-страната


Општина Карпош е на врвот по квалитет на услуги кои се овозможени преку веб – страната. Ова го потврдува Извештајот на Државниот завод за ревизија (ДЗР), кој се однесува на сите единици на локалната самоуправа (ЕЛС).

Основната цел на ревизорскиот тим на ДЗР за оваа ИТ ревизија е да се направи објективна и системска проверка, дали квалитетот на услуги кои ги даваат општините преку своите веб страници овозможуваат полесно остварување на правата на граѓаните, со помалку потрошено време и со пониски трошоци.

– ИТ ревизијата ја проверуваше достапноста на услуги преку www.karpos.gov.mk; и тоа за споделени информации за Буџетот и завршни сметки; објавени формулари и линк за административни такси; воспоставен дел за пријавување на проблем и статус на решавање на проблемот; спроведени анкети за задоволството на граѓаните од услугите на локално ниво; имплементација на ISO 9001 стандардот; донесени стратешки планови и безбедносен пристап до веб порталите, наведуваат од Општина Карпош.

Општина Карпош е меѓу единствените ЕЛС, кои имаат прилагоден пристап на лицата со попреченост на својот портал.

– Локалната самоуправа континуиранo работи на ажурирање на својата веб страница и овозможување на повеќе услуги преку истата. Преку www.karpos.gov.mk, граѓаните можат да комуницираат со општинските сектори, да се информираат за предучилишното и основното образование, да видат како можат да го одложат отпадот од домаќинството, да пријават корупција, да стапат во контакт со подрачните одделенија на други институции и сл. Во изминатиот период, општина Карпош беше прогласена и за најтранспарентна државна институција во земјава, заедно со Министерството за одбрана, по Извештајот на Центарот за граѓански комуникации, се вели во соопштението