Општина Ѓорче Петров со јавен повик до невработените, платата изнесува 13.750 денари


Општина Ѓорче Петров објави Јавен повик до евидентираните невработени лица за вклучување во Програмата Општинско – корисна работа.

– Се повикуваат сите евидентирани невработени лица кои се заинтересирани да се вклучат во програмата Општинско-корисна работа, проект „Обезбедување помош и поддршка при самостојно живеење на стари лица и лица со попречености” за вклучување/работно ангажирање со скратено работно време од 9 месеци заради стекнување вештини и постепено вклучување на пазарот на труд, информираат од општината.

Евидентираните невработени лица кои немаат сертификат/уверение признаен од релевантните институции за стекнати вештини/компетенции за занимања од социјалната и здравствената сфера, согласно услугата која треба да се испорачува ќе бидат вклучени во програмата, при што 3 месеци ќе добијат задолжителна обука и 6 месеци работно ангажирање.

Вкупниот период на влученост на невработените лица преку програмата изнесува 9 месеци во кој влегува обуката и работниот ангажман. Евидентираните невработени лица кои ќе бидат вклучени во Програмата „Општинско-корисна работа“ ќе бидат работно ангажирани со скратено работно време со 20 (дваесет) работни часови неделно, при што за време на задолжителната обука од 3 месеци за лицата кои не поседуваат соодветен сертификат/уверение признаен од релевантните институции за стекнати вештини/компетенции за занимања од социјалната и здравствената сфера, согласно услугата која треба да се испорачува и за време на работниот ангажман од 6 (шест) месеци/9(девет) месеци статусот на невработените лица останува непроменет. На невработените лица-корисници на паричен надоместок и на корисници на право на гарантирана минимална помош за времетраење на работно ангажирање ќе им биде активно претходно остварено право.

За кандидатите кои ќе бидат избрани и вклучени во Програмата Општинско-корисна работа се предвидува паричен надоместок во висина од 13.750 денари бруто износ за времетраењето на обуката и работното ангажирање.

Евидентираните невработени лица кои ќе се пријават за учество во Програмата Општинско-корисна работа треба да припаѓаат на една од следните целни групи невработени лица:

-долгорочно невработени лица (над 12 месеци во евиденција, со предност на невработени лица над 5 години);

– млади лица до 29 години;

-лица постари од 50 години;

-невработени лица на кои им престанал работниот однос во периодот на Коронавирусот COVID -19;

– лица корисници на гарантирана минимална помош ;

-лица корисници на паричен надоместок по основ на невработеност;

-лица кои имале статус на деца без родители и родителска грижа;

-жртви на семејно насилство;

-лица со попреченост;

-жени припадници на ромската етничка заедница и на останатите етничките заедници;

-лица припадници на ромската етничка заедница;

-лица на кои им е решен статусот со лична документација;

-самохрани родители;

-родители на деца со пречки во развојот;

-родители на 3 и повеќе деца;

-осудени лица по отпуштање од казнено поправна установа

Заинтересираните невработени лица пријави за учество во Програмата можат да поднесат во Агенција за вработување и Центар за вработување на Град Скопје од денеска до 16.06.2023 година од 08:00 до 14:00 часот.