Општина Центар го реализираше проектот за рано изучување на францускиот јазик во предучилишна возраст


Децата од големите групи на градинката „13 Ноември“ од објектот Јасмин беа вклучени во едукативни работилници и настани кои ги организираше Општината во соработка со Францускиот институт во Скопје, по повод одбележување на Месецот на франкофонија.

Проектот „Да ја запознаеме Франција“ имаше за цел да го разбуди интересот кон францускиот јазик и запознавање со француската култура кај децата од предучилишна возраст, преку рана сензибилизација за рано изучување на овој јазик.

– Децата се запознаа со интересни изданија, сликовници и едукативни книги од француското книгоиздаваштво во институтот, а беа направени и посебни катчиња на оваа тема во градинката. Во Паркот на Франкофонија, градинката „13 Ноември“ организираше завршен настан на кој децата настапија и на француски песни, велат од општина Центар.