Општина Бутел ќе ги храни бездомните кучиња

Фото: Б. Грданоски

Општина Бутел ќе ги храни бездомните кучиња бидејќи поради самоизолацијата и полицискиот час остануваат гладни.

-Во овие  тешки времиња, кога многумина  внимаваат за своја безбедност и своето здравје, надвор остануваат многу гладни бездомни кучиња кои секојдневно страдаат.
 Општина Бутел  заедно со АМОС ШЕЛТЕР, започна иницијатива да им помогнеме на гладните и бездомни кучиња.Денеска беа  поставени  12  уреди за хранење на локации што ги предложија граѓани кои секојдневно ги хранат животните во Бутел.
 АМОС ШЕЛТЕР во соработка со Општина Бутел, секојдневно ќе врши достава на храна за бездомните кучиња на сите 12 локации која ќе им послужи да ги надминат овие тешки времиња, каде што фрекфенцијата на луѓето е намалена,  а поголем дел од рестораните се затворени.
Во овој момент има доволно храна, но во иднина секој што сака да ги нахрани кучињата ќе може храната да ја остави во садовите кои се наоѓаат на сите фрекфентни локации во населбите на општината. Ова ќе биде една од многуте вакви иницијативи во иднина каде општината ќе се обиде да им помогнеме на што е можно повеќе бездомни животни.