Општина Арачиново добива центар за рециклирање на отпадот


Денеска, градоначалниците на Општина Ораховац од Косово, Смајл Латифи и Ридван Ибраими од Општина Арачиново, потпишаа договор за меѓугранична соработка во рамките на проектот Cross-Border Cooperation Programme Kosovo – The Republic of North Macedonia under IPA II 2019 and 2020, за проектот „Be Clean, Be Green”.

– Општина Арачиново ќе биде една од првите општини во Република Северна Македонија која ќе го реши проблемот со отпадот. Како општина лидер на овој проект заедно со општина Ораховац која е партнер општина, општина Арачиново добива вкупно 398.000€ за проектот изградба на центар за рециклирање на отпадот, практично во нашата општина ке биде селектиран и третиран сиот отпад – вели Ибраими.

На овој начин, се надева дека ќе го решат долгогодишениот проблем со дивата депонија.