Општина Аеродром склучи договор за одржување на зеленилото за 335.000 евра, општината во трева (фото)


Ново Лисиче обрастено во треви, но ова е приватна парцела

Општина Аеродром склучи договор за Одржување на јавни зелени површини и одржување на хигиената на јавните површини и други комунални услуги со Друштво за трговија, производство и проектирање ПИРАМИД БИЛДИНГ СОЛУШНС ДООЕЛ увоз-извоз Скопје.

Вредноста на договорот е 20.650.000,00 со вклучен ДДВ или 335.772 евра.

Сите детали од договорот ОВДЕ

Од друга страна, последните неколку недели, социјалните мрежи се полни со  фотографии од жителите на Аеродром, на кои се гледа дека тревата е израстена, на места и повеќе од еден метар. 

„Ќе не изедат змии“, коментираат граѓаните. 

Според фотографиите, не може да се види ни клупа, ниту пак, каде ви е паркиран автомобилот. 

 

Деновиве, некои тревници беа искосени, но тревата беше оставена по патеките или  на местото каде се косела.

Парк кај авиончето

Некои делови воопшто не беа поминати, како на пример окoлу стеблата дрвја, уметнички инсталации или канделабри. 

„Трета македонска бригада“

Можеби токму „Пирамид билдинг солушнс“ ќе успее да го доведе ликот на Аеродром во ред. Останува да видиме.