Опозицијата и на третиот ден не се откажува од вувузелите додека зборуваат пратениците од СДСМ
Како и во изминатите денови, опозицијата повторно одговори со вувузели за време на говорот на пратениците од СДСМ.
Денеска во Собранието, трет ден по ред, се расправа за францускиот предлог, а седницата ја следи и евроамбасадорот Дејвид Гир.
Како и во изминатите денови, опозицијата повторно одговори со вувузели за време на говорот на пратениците од СДСМ.
Претходните два дена расправата се одвиваше во многу напната атмосфера, со свирежи од вувузели од страна на опозициските пратеници додека се обраќаат пратеници од СДСМ.
Пратениците нема да гласаат „за“ или „против“ преговарачката рамка што ја предложи француското претседателство со ЕУ, туку за заклучоци со коишто на Владата ѝ се дава насока и се задолжува за што може, а за што не може да преговара во процесот на интеграција во ЕУ.
За денеска напладне пред Собранието е најавен и нов протест.