Опозицијата бара специјална комисија против короната

ВМРО-ДПМНЕ бара да се формира специјална комисија за справување со Ковид 19 изгласана во  Собранието.Извршниот комитет  на партијата смета дека Комисијата треба да има 11 члена, каде ќе членуваат министерот за здравство и директорот на Центарот за Управување со кризи, а останатите членови да бидат инфектолози, епидемиолози, имунолози и интернисти.Тие се откажале од првичната идеја да се формира работна група, која со министерот за здравство ќе ги договара мерките.

Според нив, со законот што власта предлага да се менува, освен што владата добива поголеми надлежности, нема други конкретни мерки.