Опожарени контејнери во Аеродром


Во текот на изминатите три дена, непознати сторители опожариле пет контејнери за отпад во скопската општина Аеродром. Опожарените контејнери се целосно уништени и неупотребливи.

Од ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје истакнуваат дека покрај финансиската штета, овие инциденти предизвикуваат големи проблеми и при одлагањето, собирањето и транспортот на комуналниот отпад.

ЈП „Комунална хигиена“ апелира да престане вандализмот и уништувањето на садовите за одлагање отпад, за екипите на претпријатието да можат навремено да ги извршуваат своите работни обврски на терен, согласно оперативната програма за работа.

Сите случаи на опожарување на контејнерите се пријавени до надлежните органи и ќе бидат преземени соодветни мерки за да се пронајдат и санкционираат сторителите.