Опожарени автомобилите на пејачките Ребека и Сузана Турунџиева


Вчера, противпожарните екипи интервенирале по пријава на пожар на две возила кои биле во сопственост на пејачките Ребека Јанковска – Ристески и Сузана Турунџиева.

Според порталот “Досие”, прво изгорел Мини куперот на Сузана Турунџиева, а пожарот го зафатил и автомобилот на Ребека кој бил паркиран до него. Пожарот се случил во три часот наутро, на паркингот кај ТЦЦ Плаза.

Надлежните велат дека нема повредени, а увидот ќе ги утврди причините за опожарувањето на двете возила. Информацијата ја потврдија и од Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје, од каде велат дека интервенцијата траела еден час, а пожарот зафатил 6 квадратни метри простор.