Оперската дива од Бугарија Пендачанска на осмомартовски концерт во НОБ


На сцената на Националната опера и балет на 8 март во 20 часот ќе се одржи Гала оперски концерт на светски познатата оперска дива од Бугарија, Александрина Пендачанска, сопран. На концертот ќе настапат и солистите: Ралица Богданова (сопран), Зоран Сотиров (тенор), Марјан Јованоски(баритон ) во придружба на оркестарот на Националната опера и балет.

Диригент на оперскиот концерт е Бисера Чадловска, концерт-мајстор: Климент Тодороски.

На програмата ќе се изведат оперски арии од композиторите: Ј. С. Бах, В. А. Моцарт, Ж. Бизе, Џ. Верди,  Џ. Росини, Р. Леонкавало, У. Џордано и др.