Oперската дива Марија Калас доби свој музеј во Атина (фото)
Атина – Од примерок од нејзината коса до сино кадифената тоалета што го носеше по незаборавната изведба на Травијата на Верди во 1955 година во миланската Скала, посетителите на Атина и целата светска јавност сега можат да се восхитуваат на предметите што и припаѓаат на оперската дива Марија Калас во нов музеј посветен на легендарниот сопран.

Сместен во трикатна неокласична зграда во срцето на главниот град, прв од ваков вид во светот, таа ги отвори вратите, што се совпаѓа со 100-тиот роденден на најславната оперска дива .
Диоптриските очила, костимите и тетратката на Калас што таа ја користела за меморирање на делови од нејзините улоги се меѓу изложените предмети, кои се или донирани или позајмени на музејот. Некои од предметите се донирани од миланската Скала, Метрополитен операта, Театро Ла Фениче во Венеција и Арена ди Верона, каде Калас го имаше своето деби на Италија во 1947 година.
Скица на дизајн на луксузниот чевлар Маноло Бланик, инспириран од сопранот, кој стана една од најпознатите оперски фигури на 20 век, е донирана од Грчкото друштво Марија Калас заедно со косата што фризерката на дивата ја чувала и продавала на аукција.
„Секој предмет придонесува за создавање сеопфатна слика за оваа неверојатна жена“, изјави за Ројтерс Костис Бицанис, директор на проектот на музејот.

„Марија Калас е едно од најголемите брендови ширум светот, таа е жена која стана легенда“, рече тој.

Родена во Њујорк од родители грчки емигранти во 1923 година, Софија Сесилија Ана Марија Калогеропулу живеела во Атина од 1937 до 1945 година, откако нејзините родители се разделиле.
По посетувањето на часовите по пеење на Националниот конзерваториум, таа го направи своето професионално деби со Кралската опера во Атина во 1941 година.
По славната кариера долга повеќе од три децении и виорната романса со грчкиот тајкун Аристотел Оназис, Калас почина во Париз во 1977 година.
Нејзината пепел била расфрлана во Егејското Море две години подоцна.
Помеѓу 2002 и 2008 година, постоеше претходен музеј Калас со помала колекција. (Ројтерс, АП)

ојтерс, АП)



