Операта „РИТА“ од Доницети вечер на малата сцена на Националната опера и балет


 

Комичната опера во еден чин „Рита“ од Гаетано Доницети вечер со почеток во 20 часот ќе биде изведена на малата сцена во Националната опера и балет.

„Рита“ е приказна за млада и убава жена, вплеткана во сплетките и интригите на брачните недоразбирања со комичен и среќен завршеток.

Диригент на операта е Бисера Чадловска, режисер е Трајко Јордановски, сценографијата и костимите се на Марија Ветероска, а концерт мајстор е Јане Бакевски.

Солистичка екипа ја сочинуваат Ана Ројдева, Јане Дунимаглоски, Васко Здравков и Борко Биџовски.