Операција на тумор на мозок пренесувана во живо на фејсбук


 

Околу 100.000 луѓе гледале 40 минути долг дел од операција во која лекарите отстрануваат тумор од мозокот на Џејн Шард, а која била пренесувана во живо.

Снимката ја прикажува 25 – годишната пациентка како разговара со лекарите од едната страна на завесата додека лекарите во хируршки маски го оперираат нејзиниот мозок од другата страна на завесата.

Шард претрпела мозочен удар поради зголеменото количество крвни садови во левиот темпорален дел од мозокот поради што имала потешкотии со говорот, вели претставник на клиниката за неврологија на методистичкиот здравствен центар во Далас, д-р Нимеш пател.

Таа била будна за цело врмее од операцијата за лекарите да бидат сигурни дека нема да оштетат некој дел од мозокот кој го контролира говорот, па мораше да изговара разни зборови за време на зафатот, а хирурзите го мапираа нејзиниот мозок, вели Пател.

– За да утврдиме по кој пат да ѝ пристапиме на туморската маса моравме да утврдиме кој пат е сигурен – додава тој.

На пациентката ѝ поставувале и прашања за нејиното куче, за да проверат како стои со меморијата, во текот на зафатот кој траел 4,5 часа.

– Операцијата на мозок додека е буден пациентот не е рутинска, иако ја работиме. Зависи од тоа каде е оштетувањето кое мора да го оперираме и сакаме пациентот да биде буден или успиен – вели Пател.