ОПЕК ја зголеми проценката за долгорочната побарувачка на нафта


 

Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК) ги зголеми своите проценки за среднорочна и долгорочна побарувачка на нафта, нагласувајќи ја потребата од повеќе инвестиции во нафтениот сектор за да се задоволи очекуваната побарувачка.

ОПЕК проценува дека е неопходно да се инвестираат 12,1 милијарди долари во нафтениот сектор за да се задоволи очекуваната поголема побарувачка на среден и долг рок.

Следната година, според проекциите на аналитичкиот тим на ОПЕК, светската побарувачка за нафта ќе изнесува 103 милиони барели дневно, што е зголемување за 2,7 милиони барели дневно во однос на 2022 година. Така ОПЕК ја зголеми минатогодишната проценка за 2023 година за 1,4 милиони барели дневно. Зголемената прогноза одразува посилно закрепнување во 2022 и 2023 година и „силен фокус на прашањата за енергетската безбедност“, што доведува до побавна транзиција од нафта на други горива.

ОПЕК, исто така, ги зголеми своите среднорочни прогнози за побарувачката, до 2027 година, за речиси два милиони барели дневно и на 108,3 милиони барели дневно до 2030 година.

Долгорочната прогноза, за периодот до 2045 година, е зголемена на 109,8 милиони барели дневно, од 108,2 милиони барели дневно во 2021 година до 2030 година поради зголемената употреба на обновливи извори и електрични автомобили.