Опасна игра во шпанско одморалиште: Туристите седнуваат на пијачка, со задоволство го прифаќаат предизвикот, па ги ризикуваат своите животи

Доколку планирате да патувате во Шпанија, не прифаќајте го предизвикот кој може да ве очекува во некој од популарните пабови.
Шпанските медиуми предупредуваат на опасна игра која ја започна еден паб во Австрија. „Предизвикот“ беше тоа што, во замена за издржување на струен удар од 10 секунди, муштеријата ќе добие пијалок што чини помалку од евро.
Случајот го објави шпанскиот весник La Nueva España. Опасната игра е остро критикувана од лекарите кои истакнуваат дека го загрозува здравјето на луѓето, па дури и нивните животи. Електричниот удар може да има катастрофални последици и поединечно и групно. Имаше информации дека некои туристи го прифатиле „предизвикот“ држејќи се за рака.
Како што пренесува La Nueva España, истрагата веќе е во тек во Астуриас, каде што бар секоја недела привлекува стотици луѓе подготвени да го обидат опасниот чин. На социјалните мрежи се појавија фотографии и видеа од вакви ситуации. Надлежните стравуваат дека сега шпанските локали веќе ја копираат идејата за да привлечат туристи на почетокот на туристичката сезона.
„Изложеноста на младите луѓе на ваков вид ризик е исклучително сериозна. Нудењето електрошокови во замена за алкохол по ниска цена не само што е неодговорно и лишено од здрав разум, туку директно ја загрозува безбедноста и благосостојбата на клиентите“, изјави за медиумите портпаролот на здружението на пабови и барови ОТЕА.