Онлајн ќе се избира мис карантин на светот: Две Македонки меѓу 15 најубави


Во текот на годината ширум светот се одржуваат многу интернационални избори за Мис. Меѓутоа сега поради Короната и овие настани згаснаа. Освен еден, кој се одржува во моментов : Мис Карантин на светот !!

Имено, „Гецјан фешн груп“ од Приштина и нивниот директор Илир Геци се решија да организираат еден ваков избор, но не класичен, туку онлајн како што единствено и е можно кога речиси целиот свет е во карантин. Коорганизатори се нашето Модно Студио Црнокрак и Tugce Sarykaya Dagistan од Турција.

Право на учество имаа сите убави девојки од планетата, на возраст помегју 16 и 26 години, со тоа што за учество требаа да испратат само две видеа, на едното како се претставуваат, а на другото како се движат, нормално во домашни карантински услови и да испратат уште 10 слики – 5 обични селфи и 5 професионални.

Се пријавија дури 210 девојки од околу 50 држави. Прво беа избрани 70 полуфиналистки, а потоа 15 финалистки кои ќе учествуваат на големото финале кое ќе е се одржи во недела, 17 мај во 21 часот,  онлајн секако, на ФБ и на ТВ 21 која се гледа и во Македонија.

Во жирито ќе биде и Мики Црнокрак, сопственикот на Модното Студио Црнокрак.

Од Македонија имаше пријавено 4 девојки, а две од нив успеаја да влезат во 15 финалистки !!

Тоа се 24-годишната Кристина Димитријевска од Тетово и 16-годишната Бисера Цуцулова од Скопје, двете членки на Модното Студио Црнокрак.

Место меѓу 15 финалистки изборија уште две девојки со кои соработува Модното Студио Црнокрак, 19-годишната Лара Стесевич од Црна Гора, која во март ја освои титулата Трета придружничка на изборот за Мис Европа 2020 и 26-годишната Доти Полгар од Унгарија.