Онлајн акустичен концерт на „Фрајле“ за Божик

 
Четирите дами од новосадскиот бенд „Фрајле“ на православен Божиќ (7 јануари), ќе приредат незаборавно онлајн музичко доживување. Марија, Невена, Наташа и Јелена веќе се подготвуваат за „Божиќ со Фрајле“ кој ќе започне во 20 часот на платформата8Legato.
„Фрајле“ веќе неколку пати се дружеа онлајн со фановите и секогаш имаше огромен интерес од над 10.000 следбеници.
Овој Божиќ тие за сите свои обожаватели покрај својата новогодишна елка ќе ги пееат: „Ich liebe dich“, „Мењам дане“, „Штиклице“ и уште многу песни од нивниот репертоар. За овој онлајн концерт ексклузивно и за прв пат ќе имате прилика да
слушнете и неколку нумери премиерно.