ОН собраа повеќе од 370 милиони долари донации за Фондот за вонредни ситуации

САД – Обединетите нации денеска соопштија дека собрале повеќе од 370 милиони долари за Фондот за вонредни состојби за да можат да одговорат на кризите во следната 2021 година.

Повеќе од 50 донатори синоќа на видео-конференција во седиштето на ОН се нафатија да ја дадат оваа сума за Централниот фонд за итни интервенции на ОН, управуван од помошникот на генералниот секретар за хуманитарни работи Марк Лукок, се наведува во соопштението.

-Овој фонд е еден од најбрзите начини да им се помогне на луѓето погодени од ненадејни кризи или кризи што се влошуваат, како и на оние кои се наоѓаат на првото место на светскиот радар, изјави генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш.

Лукок изјави дека Фондот, формиран во 2005 година, годинава им помогнал на милиони луѓе да имаат храна, сместување и заштита.

Во 2020 година, Фондот за вонредни состојби на ОН им помогна на 65 милиони луѓе во 52 земји и територии со вкупно повеќе од 900 милиони долари. Парите биле искористени за борба против Ковид-19 и другите болести, во конфликти или природни непогоди како суши, земјотреси и урагани или за да се избегне глад, се додава во соопштението.

Донаторска конференција за Специјалниот фонд за итни случаи се одржа само неколку дена откако ОН ја соопшти својата проценка за хуманитарни потребите за 160 милиони луѓе во 2021 година во износ од 35 милијарди долари.