ОН: САД употребиле прекумерна сила над демонстрантите во САД


Демонстрантите се собираат пред Линколн меоријалот за време на протестот против расната нееднаквост по смртта на Џорџ Флојд во Минеаполис (Фото: Ројтерс/Карлос Бариа)

Обединети нации предупредија на несразмерна употреба на сила врз антирасистичките демонстранти во американските градови и на евентуални самоволни апсења.

– Мора да се овозможат мирни протести… Демонстрантите и новинарите кои ги следат протестите не треба да бидат изложени на самоволно апсење или на непропорционална употреба на сила, изјави портпаролката на ОН за човекови права, Елизабет Тросел.

Американското Министерство за правда отвори истрага за спорната акција на сојузната полиција во Портланд, каде сојузни агенти во униформи и со воена опрема приведуваат демонстранти.

– Властите мора да гарантираат јасно идентификување на сојузните и локалните безбедносни сили, како и дека тие ќе употребат сила само во случај на потреба, во согласност со меѓународните норми, наведе Тросел.

Протестите во САД почнаа пред повеќе од 50 дена по убиството на Афроамериканецот Џорџ Флојд. Американскиот претседател Донал Трамп нареди распоредување на сојузни агенти во неколку градови, меѓу кои и Чикаго.