ОН: Ковид-19 може да затвори 25 милиони работни места


Пандемијата на Ковид-19 значително ќе ја зголеми глобалната невработеност, присилувајќи приближно 25 милиони луѓе да останат без работа, соопштија денеска Обединетите нации.

„Економската и трудовата криза, создадена од пандемијата на Ковид-19, може да ја зголеми глобалната невработеност за речиси 25 милиони“, соопшти Меѓународната организација на трудот, презентирајќи нова студија. Во неа се додава дека меѓународно координираната реакција може „значително да го намали“ тој број.

Пандемијата на Ковид-19 ќе истурка милиони луѓе во невработеност и работна сиромаштија, соопштија ОН, предупредувајќи дека работниците на глобално ниво ќе изгубат до 3.400 милијарди долари приход само оваа година.