ОМО Илинден – Пирин го нарече „срамота“ ставот на министерот Бујар Османи за отворањето на македонскиот културен клуб во Благоевград, како и неговото изедначување со тие што се отворија во Македонија од страна на бугарската заедница со иритантни имиња.
„Македонскиот претседател Стево Пендаровски го испраќа својот генерален секретар Миле Бошњаковски на отворањето на Македонскиот културен клуб „Никола Вапцаров“ на 30 октомври во главниот град на Пиринска Македонија – Благоевград.Браво и добредојде!
Штета што македонската влада не го следи примерот на претседателот на Македонија, наместо тоа го критикува клубот преку шефот на дипломатијата. Срамота! – напишаа од оваа организација на Фејсбук.
Нешто подоцна тие директно се обратија и на Османи:
„Господине Османи, нНајавувате проверка кој стоел зад отворањето на Македонски културен клуб „Никола Вапцаров“?Тоа е познато на сите и никој го нема криено.
Тоа е на право место Друштво за заштита на основни човекови права во Благоевград, друштво кое повеќе пати ја истакнува својата поддршка за евроинтеграцијата на Македонија и за добрососедството меѓу Македонија и Бугарија.Финансиери на Клубот се двајца истакнати припадници на македонската заедница во Торонто Канада: Глигор Цанев и Минчо Остас.
Посредник е Македонско меѓународно движење за човекови права.
Но, господинот Османи не се интересира кој го отвора клубот, ниту кој го финансира, туку се фиксирал само врз некои искажувања на посредникот искажувани во врска со други настани.
Можеби бидејќи си барате изговор зашто нема да дојдете?! Правдање, зашто надворешниот министер на Македонија не ги поддржува Македонците во Бугарија? Така е кога првиот македонски дипломат се информира од жолти сајтови кои шират прикриена бугарска пропаганда во Македонија. Каде не помага, ги напаѓа оние што ни помагаат! Каков срам – шефот на македонската дипломатија ќе проверува што граѓани на друга земја прават во својата земја и што граѓани на трета земја финансираат.
Имаме две прашања за вас господине Османи:
1. Нели ветивте да не се мешате во внатрешните работи на Бугарија – да проверувате што прават граѓани на Бугарија во Бугарија не ли е директно мешање?
2. И не е ли тоа работа на бугарските институции, ако сакаат нешто да проверуваат на нивна територија? Од кога македонското надворешно министерство е разгранок на внатрешното министерство на Бугарија?
Отворањето на Културен клуб на име на поетот антифашист Никола Вапцаров не е исто како о отворање на „културен“ клуб на име на терорист и хитлеров соработник.
Културните активности на Македонците во Бугарија не се провокација!
Културните активности на Македонците во Бугарија не можат да штетат на вистински и искрени добрососедски односи – токму спротивно!
Оставете ние, Македонците во Бугарија, да решаваме од што имаме потреба и што ни оди во наш интерес. Вие така или инаку, се имате откажано од нас!
Оние што не се откажаа од нас – доаѓаат во недела. Тие се добро дојдени!