Омилениот џемпер ви се собра?: Трикови со кои повторно ќе ви биде како нов

Трикови кои се спас за џемперот што се намалил или има дупки!

Со доаѓањето на постудените денови, од плакарот извлекуваме топли, волнени џемпери, од кои нема по пријатни сојузници во текот на зимата. Но, честопати ќе сфатиме дека во меѓувреме тие „добиле“ дупки од молци, дека не сме им ги отстраниле „истрошените“ грутки влакна или дека лактите им се истенчени.

И, ако сте решиле да го освежите џемперот со брза програма во машината за перење, можеби се собрал!

Не се откажувајте од омилениот џемпер, постојат трикови кои ќе го спасат!

Собран џемпер

Ако случајно по грешка да ставите волнен џемпер на висока температура за да го исперете или сте го заборавиле во машината за сушење, веројатно го извадивте од машината мислејќи дека е бебешки! Постои трик што ќе го спаси!

Истурете околу 5 литри ладна вода во корито, ставете го џемперот во водата  и одозгора истурете околу два децилитри балсам за коса. Раширете го џемперот рамномерно од сите страни каде што се собрал додека е во вода и оставете го преку ноќ во коритото со вода и балсамот. Наутро, истегнете го џемперот повторно во посакуваната насока, обликувајте го со рацете и оставете го да стои во мијалникот уште 45 минути. Потоа внимателно исплакнете го џемперот со ладна вода, нежно исцедете го и ставете го на бел пешкир да се исуши. Кога го раширувате на крпа, формирајте ја последната, посакувана форма и оставете го да се исуши.

„Грутки“

Без разлика дали станува збор за џемпер кој има акрилик во својот состав или е волнен, не можеме да влијаеме на појавата на досадни „грутки (топчиња)“. Сепак, постојат неколку начини со кои можете брзо да ги отстраните. Само за околку сто денари, секогаш можете да имате уред при рака што брзо ги отстранува грутките. Ако немате уред, можете да користите и обичен брич или камен за  пети. Поставете го џемперот на рамна површина и извадете ги со лесни движења од горе надолу.

Дупки од молци

Штетата направена од молец кој се прикрадува во вашиот плакар може да биде ублажена доколку барате креативни решенија. Обидете се да шиете дупка, но ако сепак сте незадоволни од резултатот, додајте интересни апликации, бисери или пом-пом топчиња во џемперот, кои можете и сами да ги направите. За да спречите молци да ги гризат вашите џемпери во иднина, додајте вреќи со лаванда во плакарот.