Омикрон сојот детектиран и во Црна Гора кај пациент кој допатувал од Јужна Африка


Првите случаи на омикрон сојот на корона вирус во Црна Гора се идентификувани во едно семејство, чиј член неодамна пристигнал од Јоханесбург, соопшти денеска Институтот за јавно здравје на Црна Гора (ИЈЗ), пренесе Бета.
„Сите контакти се во изолација. Сите членови на семејството се во добра општа состојба, со благи симптоми“, се вели во соопштението.
Едно лице заразено со новиот вид на коронавирусот пристигнало во Црна Гора од Јужна Африка на крајот на ноември, а на летот за Франкфурт бил во авион со лице со потврден омикрон сој, соопшти институтот, додавајќи дека црногорскиот државјанин не бил вакциниран.
Во Црна Гора од последиците на корона вирусот починале вкупно 2.324 лица, а се заразиле 158.283 лица.