Олимписката штафета под постојано полициско обезбедување, еколошки ултра левичари најголема закана


Олимпискиот оган на своето патување од Марсеј до Париз во чекор ќе го обезбедуваат околу стотина полицајци, вклучувајќи и припадници на елитната жандармерија, најави денеска францускиот министер за одбрана Жералд Дарманен.

Штафетата со олимпискиот оган ќе тргне од Марсеј на 8 мај, а ќе пристигне во Париз на денот на церемонијата на отворањето на Олимписките игри на 26 јули.

Францускиот министер за одбрана посочи дека најголем потенцијален проблем можат да бидат неколкуте еколошки ултра-левичарски здруженија, но оти во моментов нема опасност од десничарски организации.

Над 150.000 луѓе се очекува да присуствуваат на почетната станица на олимпискиот оган во Марсеј, каде церемонијата тој ден ќе ја обезбедуваат околу 5.000 полицајци, а за делот на рутата во Париз ќе бидат ангажирани околу 1.600 припадници на полицијата и жандармеријата.