Олеснување во Ватикан – папата е негативен на корона


Папата Франциско бил негативен на тестот за корона вирусот, објави агенцијата Франс-прес во четвртокот, откако за една личност во неговата резиденција беше речено дека имала Ковид-19.

Неколку италијански весници објавија дека италијанскиот свештеник, кој се разболел, живеел со години во резиденцијата на папата, Света Марта.

„Ил месаџеро“ напиша дека лицето е „еден од најблиските соработници на папата, официјален претставник на Секретаријатот на државата, за кој беше откриено дека има мала температура откако замина на рутинска проверка“.

Весникот „Ла Стампа“ соопшти дека неименуваната личност е хоспитализирана во Рим и дека неговата канцеларија е дезинфицирана.

83-годишниот понтиф остана главно осамен во неговата резиденција откако заработи настинка кон крајот на минатиот месец.