Олаф Шолц бара ЕУ да го поедностави пристапувањето на нови членки
Европската унија треба да го поедностави пристапувањето, изјави германскиот канцелар Олаф Шолц во интервјуто за ДПА во саботата, велејќи дека сака да ја охрабри Европската унија да ги модернизира своите процеси.
Земјите-кандидатки и самата Европска унија треба да се подготват за проширување на Европската унија, рече тој.
„За да се случи тоа треба да се модернизираат нашите структури и процесот на одлучување. Сите одлуки за кои одлучуваме денеска едногласно нема да можеме да ги носиме на ист начин во иднина“, рече тој.
Шолц рече дека се надева оти ќе може да ги претстави своите предлози на самитот на ЕУ во четврток и петок.
Лидерите на 27-те земји-членки ќе треба да ги разгледаат апликациите за членство во ЕУ на Грузија, Молдавија и Украина, само една недела откако Европската комисија препорача Молдавија и Украина да станат официјални кандидати за членство, со што се согласува и Шолц.
Во моментов, сите 27 земји-членки мора едногласно да се договорат за кандидатскиот статус, но начините за олеснување на ова правило долго се дебатираат во ЕУ. Сепак, сите реформи во процесот може да се спроведат само ако сите земји се согласат едногласно.