„Окта“ со нова донација на Клиниката за инфективни болести ја поддржа борбата против Ковид-19

„Окта“ АД – Скопје со нова донација од 3.000 серолошки тестови ја поддржа борбата против корона вирусот. Донацијата, која е наменета за Клиниката за инфективни болести во Скопје, се состои од по 1.500 тестови за испитување на антителата IgG и IgM за Ковид-19, кои соодветствуваат на опремата и Abbott апаратот за анализа со кој располага клиниката.

„Окта како компанија е свесна дека поддршката од бизнис заедницата е неопходна и токму затоа изминатава година нашите активности беа насочени во напорите за справувањето со корона вирусот. Имајќи ја предвид епидемиолошката состојба во државата, во соработка со Министерството за здравство, беше одлучено дека во моментов има најголема потреба од донација на серолошки тестови наменети за Инфективната клиника, како здравствена институција која носи најголем товар од почетокот на оваа криза“, изјави Вук Радовиќ, главен извршен директор на „Окта“ АД .

Од почетокот на Ковид-19 пандемијата, „Окта“ во повеќе наврати преку разни донации ги поддржа јавните институции. Компанијата во април донираше вредна медицинска опрема на Клиниката за инфективни болести, додека во октомври го поддржа образовниот процес во општина Илинден преку донација на лаптопи и заштитни маски.