ОКТА прва компанија во државата со CoVid-Shield сертификат за безбедна работна средина


ОКТА АД – Скопје ги заврши сите потребни процедури за добивање највисоко ниво CoVid-Shield сертификат за работните простории и инсталацијата во Миладиновци. Со тоа, соопштуваат од компанијата, стана прва компанија во државата која е акредитирана со овој иновативен сертификат. Од почетокот на пандемијата, приоритет на OKTA се безбедноста на нејзините вработени, соработници и потрошувачи, поради што се преземени сите неопходни мерки и имплементирани сите препорачани здравствени протоколи.

CoVid-Shield е независна постапка за сертифицирање, развиена од TÜV AUSTRIA Hellas и претставува интегрирана шема за сертифицирање чија цел е да ја зголеми довербата на граѓаните и потрошувачите во компаниите кои ја примениле и добиле сертификат согласно оваа шема.

-Во оваа смисла и со силно чувство на одговорност, општествена свесност и бизнис етика, ОКТА презеде итни активности од првиот ден на здравствената криза, со цел да создаде безбедна работна средина, наведуваат од ОКТА.

-Ние во ОКТА презедовме итни активности, применувајќи ги сите неопходни мерки за да ги заштитиме нашите вработени и клиенти. Ова е директно потврдено со добивањето на CoVid-Shield сертификатот. ОКТА останува на страна на своите вработени и потрошувачи, ставајќи ги на прво место безбедноста и одговорноста, при тоа гледајќи на иднината со внимателност и оптимизам, изјави Вук Радовиќ, главен извршен директор на ОКТА.

Сертифицирањето со CoVid-Shield се спроведе на групациско ниво при што во процесот на контрола беа опфатени сите подружници во петте земји во кои работи групацијата Хеленик Петролеум.