Околу тристотини приврзаници на Левица ја дочекаа Дер Лајен пред Собранието
Околу тристотини приврзаници на Левица и подготвија добредојде на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен извикувајќи „Никогаш Северна“, додека во заднина се слушаа револуционерни македонски песни. Засега нема инциденти а нема ни голема тензија, но Собранието сепак е обезбедено со голем број специјалци и борбени возила.
Внатре во Собранието пратениците на ВМРО-ДПМНЕ се подготвуваа за политички театар, со маиците на кои пишува големо „НЕ“ и со транспаренти што се очекува да ги развијат кога ќе се обрати претседателката на ЕК.
Нервоза има и меѓу новинарите од кои некои, втора недела откако се објави францускиот предлог јавно, тврдат дека Владата е нетранспарентна и дека испратила за расправа празна информација, така што пратениците на опозицијата и јавноста не знаеле што има внатре.