Околу шест отсто луѓе умираат поради физичка неактивност


Фото: Б. Грданоски

Недостатокот од вежби и физичката неактвиност имаат многу негативни ефекти на луѓето и одговорни се за шест отсто од причините за смрт во светот, изјави докторката Хајла Каинхан.

Во обраќањето на првиот виртуелен националне е-спимпозиув за физичка активност, докторката Кајихан, шеф на Одделението за работна терапија на Факултетот за здравствени науки на Универзитетот Бируни, истакна дека физичката неактивност денеска стана вообичаена појава во целиот свет.

2Физичката неактивност во 21-25 отсто од случаите влијае на појавата на рак на дојка и дебело црево, 27 отсто на дијабетес и 30 отсто на исхемиски болести на срцето“, вели Кајихан.

Вежбањето и телесните движења се најефикасни и се најевтина метода за превенција на болести на срцето, гојазност, висок крвен притисок, дијабетес и некои видови карциноми, вели таа.

Физичката неспремност е поврзана со лошо ментално здравје

„Физичката активност помага поединецот да се чувствува поенергично, поживо, активно и помирно. Штити и го подобрува здравјето на луѓето со ограничувања во движењата и спречува болести предизвикани од неактивност“, нагласува Кајихан.