Околу 70 полесно повредени во земјотресите во Албанија


Албанската министерка за здравство, Огерта Манастирлиу ги посети повредените од денешниот земјотрес кои се хоспитализирани во болница во Тирана.

Таа информира дека ниту еден од повредените не е во сериозна состојба, јави агенцијата АТА.

Вкупно 68 лица добиле медицинска помош, од кои најмногу во Тирана и Драч.

Во болница во Тирана задржани се 21 граѓанин, а повеќето повредени се пуштени дома.

Албанија денеска ја погодија два земјотреси кои предизвикаа поголема материјална штета.