Околу 30 илјади Турци добиле државјанство во ЕУ во 2017 година
Европската агенција за статистика (Евростат) ги објави податоците за доделување на државјанството од страна на земјите членки на ЕУ.
Според овие податоци, во 2017 година државјанство во земји членки на ЕУ добиле 825.447 лица. Италија со 18 отсто е земја која доделила најголем број државјанства на странски граѓани. По Италија, со 15 отсто следува Велика Британија, па Германија и Франција со 14 отсто, а Шведска и Шпанија со осум отсто се земји кои доделиле најмал процент државјанства.
Според податоците, 29.807 Турци во 2017 година добиле државјанство во земјите членки на ЕУ, од кои 50,2 отсто во Германија, 17,9 отсто во Франција, 10 отсто во Холандија, 5,3 во Британија и 16,6 во други европски земји.
Најголем процент на државјанство во ЕУ добиле Мароканци со осум отсто, Албанци со седум, и Турци и Индијци со по четири отсто, информира ТРТ.