Околу 1,4 милиони Американци минатата недела се пријавиле за невработени


Околу 1,4 милиони Американци минатата недела поднеле документи за невработеност, соопшти денеска американското Министерство за труд.

Бројката од Министерството за труд покажува зголемување за 109.000 од ревидираниот број претходната недела.

Ова е првото зголемување на неделниот извештај за повеќе од три месеци.

Во САД секојдневно се регистрираат нови многу високи бројки на новозаразени со коронавирусот, особено во јужните и западните држави. Некои локални власти ги повлекоа дозволите за отворање на одредени бизниси како дел од напорите за контрола на заразата, принудувајќи ги неодамна отворените деловни субјекти, повторно да затворат.

Федералната помош за невработените, која беше усвоена заедно со другите мерки за спречување на пандемијата и ублажување на последиците од неа, треба да истечат за само неколку дена.

Зголемувањето на бројот на работниците што бараат помош затоа што останале без работа веројатно ќе ја зголеми итноста во Вашингтон за продолжување на помошта, со оглед на тоа што пратениците дебатираат за нов пакет за помош. Минатите пакети помош од март без во вредност од речиси три трилиони долари.