Околу 100 кумановци се вакцинирале во Србија за корона вирусот


Градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски, соопшти дека има македонски граѓани со двојно државјанство кои се вакцинирале во Србија.

-Во Куманово според моите информации досега имаме некаде околу 100 вакцинирани лица, и тоа претежно луѓе кои работат во здравствениот систем. Дефинитивно постапката за имунизација оди споро, претпоставувам и недостатокот на вакцини е проблем, иако за тоа треба здравствените власти да го дадат вистинскиот одговор. Во овој момент, не само Македонија туку човештвото нема друго решение, освен да практикува тоа што се практикувало секогаш, а тоа е масовната имунизација. И ние го очекуваме моментот да спроведеме таква имунизација откога ќе ги добиеме вакцините, а што ќе се случува во делот на науката и мутациите тоа се веќе нови предизвици, рече Димитриевски.